Дожд

Дожд, ладно… само една насмевка, очи полни несигурност и прегратка… Една вечер… Вечер во која за прв пат си дозволив да бидам онаа личност која навистина сум, си дозволив да се опуштам, и да бидам правата јас, без лаги, без криење… Росеше… најубавото нешто, чувството кога лесни капки ќе ти паднат на лицето, а сепак не те облива тага зошто знаеш дека не се солзи, те милуваат капки кои за разлика од оние од твоите очи, овие ти носат среќа, и те прават исполнет, ти го даваат чувството на задоволство и убавина… Вечер… период кој ти ја исполнува желбата да си поигруваш со времето, период во кој ти се среќаваш самиот себеси во две етапи… крај на денот и почеток на утрото… спој на временски разлики… нешто што звучи толку комплицирано и сложено прикажано во едно прекрасно нешто… вечерта. Лице… кое е чувството кога личноста која навистина ти значи е тука… пред тебе… ти зборува, а ти се губиш во длабочините на погледот на тоа лице… поглед кој никогаш нема да го заборавиш, поглед кој ти кажал сe, сe што во тој момент ти било потребно… поглед со кој си го направил најдолгиот разговор во животот, а сепак не си изговорил ниту еден единствен збор… Усни, совршенството со кое беше кажано многу, а сепак не се помрднаа… беа заледени, а сепак топли со најизгубената насмевка, насмевка за која би дала сe… само за да ја видам уште еднаш… и на крај личноста и неговата прегратка… прегратка која можам да ја опишам со една често користена фраза… прегратка на дете… силна, топла, и неверојатно искрена… спој на двете тела, долгочасовен разговор без збор… незаборавно, но и неповратно…

Advertisements

Уште еднаш

Еден отворен прозор

се слушаат чекори…

одат онаму каде што си ти…

далеку некаде лутаат да те најдат…

 

Каде и да тргнам, ме пресретнуваат брановите…

на местото каде е твојата душа,

таму сеуште стои печат на еден бакнеж

кој одамна го остави….

 

Можеш ли уште еднаш барем да ги поместиш

карпите меѓу нас,

уште еднаш да бидеш блиску до мене…

Уште еднаш да го надитриш времето,

за да не знае кој ден е денес…

И за да се случи она кое го имаш во умот…

Уште еднаш, барем уште еднаш,

зошто времето застана за миг…

зошто сето ова е само СОН….


Премногу прашања

Каде е она што остана од нас?Можеби сеуште постои некој дел во нашите срца? Згасна ли таа љубов некогаш? Зошто замина тогаш кога најмногу ми требаше,кога најмногу те засакав? Кога сфатив дека ти си она кое што ми дава желба за да продолжам да живеам.Премногу прашања,кои што се вртат низ мојата глава,но ниту еден соодветен одговор.Можеби најголемата моја грешка беше тоа што премногу те сакав…
Застани.Слушни го ветерот,погледни кон месечината.Се сеќаваш нели? Таа е сведок на она што се случуваше со нас.
Разбуди ме.Сето ова е кошмар кој што долго го сонуваме.Погледни ме со истите очи како некогаш,кажи ми дека ме сакаш..Знаеш несакам да сонувам за тебе,сакам да сонувам со тебе.Да спијам мирно изморена од страста на тие бакнежи,прегрнати.
Ја гледам повторно истата сенка која што долго ме прогонува.Проклетство!
Или замини еднаш засекогаш или остани.Друг избор во случајов и нема.Те сакам- ме сакаш.Зошто по ѓаволите е вака?
Дај ми ги тие усни да ги љубам! Ајде! Патувај во мојот свет,знаеш совршено ќе ни биде.И онака во животот сме само патници кои што заминуваме во некои непознати правци или погрешни патишта.
Јас би тргнала по овој непознат правец,со надеж дека таму ќе те сретнам како ме чекаш со раширени раце.Да ме прегрнеш онака најсилно,како што и самиот тоа знаеш.Не сакам да мислам дека повторно ќе заминеш,остани те молам.Потребен си ми за да повторно функционирам целосно.Ајде да се опиеме од љубов.

4cfae7b4ca7fa4cd4005de4ad9ee798a-d4szr8w

 

Прости ми

Ме гони да размислувам.Несакам да помислувам,а ни најмалку да се навраќам назнад на нешто што поминало.И што не оставило ништо повеќе освен рани на срцето.Една голема болка,и рана која никогаш можеби неможе да заздрави.

Незнам едноставно од секогаш сум се прашувала зошто баш се доаѓа кога ќе го заборавиме.Кога барем малку не помислуваме на него.Кога се обидуваме да ги излечиме раните?

Помина време каде што длабоко верував во себе,верував дека ќе успеам да го преболам и дека ќе го заборавам. Го преболив. Но никогаш,никогаш не ми дозволи да направиме нешто повеќе да успееме во она што го имавме.

Помислував.Заспивав.Сеуште го помнев.На мојата мека уста стоеа сеуште неговите бакнежи врежани од страста на нашите срца. На мојата кожа сеуште спиеа сите мои чуства кон тебе. Знаев дека залудно се надевав,знаев дека тој никогаш повеќе нема да се врати. Имавме се што беше потребно…љубов. Но,знаеш драги…неможевме да успееме бидејќи тоа беше забрането.А забранетото е најслатко.

Прости ми што некогаш сум те љубела,прости ми што некогаш разгорував страс,и немир во твоето срце.Прости ми.

 

Слика

This entry was posted on June 28, 2013. 1 Comment

И двајцата го бараа изгубеното

Беше далеку од неа.Но сепак сеуште живееше во неа.Во нејзиното малечко срценце.
Таа во себе носеше залудна љубов за двајца.Како лузна.Како икона.Како насмеана месечина.Која тивко разгоруваше во тишината на ноќта.Ноќта во која беа скриени многу спомени.Тоа беше една љубов која сеуште тежи како грутка камен во нејзиното срце.Беше тешко да се растопат и разлеат,а ни најмалку да се заборават толку спомени.Но знаеш…се се’ слеа во тишината на ноќта.Во празното срце,на полна месечина,со еден поглед не толку благ,очекуваше да и посака само добра ноќ.Што можеше таа повеќе да очекува? Ништо. И погледите не беа тоа што беа некогаш. Насмевките? Тие беа нешто што остана во длабочините на нивините срца.Секоја наредна не беше како она предходната,од ден на ден се повеќе и повеќе згаснуваше.Исто како што израснуваше нивната љубов на почетокот така сега згаснуваше.Онака ненадејно,исто како што и почна.Неможеше ништо повеќе да очекува се беше згаснато,и заборавено. Велеа секој крај е почеток на нова приказна.Чудно овој крај некако…несакаше да има нова приказна..нешто се оддолговлекуваше.И двајцата ставаа запирки на местото каде што одамна требаше да имаат ставено точки. А можеби и не беше згаснато..можеби нешто сеуште живееше кај нив. Љубов можеби? Или пак омраза? Останува прашање на време,за да најдеме соодветен одговор на овие прашања. Времето не ги лечи раните,само не учи како да живееме после нив. А дали воопшто таа ќе може да продолжи да живее,а да не се надева на ништо? Сакаше да го врати изгубеното,да го излечи повреденото? Но без него? Како? Уште едно прашање оставаме времето да ни го одговори.

 

Слика

Се почнуваше одново

И се случи она што таа најмалку го очекуваше…се сретна.Се погледна,еднаш-двапати.И одеднаш слушна едно гласно “Здраво” со оној мелодичен негов глас.Таа се насмевна и го погледна и му возврати со едно слатко здраво.
Продолжи напред гордо се крената глава.За миг подзастана,посака да размислува само на едно…што ли се помина низ нивните глави,кога повторно си рекоа “здраво”,после толку време..
Низ мислите сигурно им помина за момент сите нивни спомени,спомените на една слатка приказна…која навидум за неа изгледаше дека никогаш нема да има крај,дека никогаш нема да заврши…барем засега кога и двајцата беа палави.А најмногу таа,која најсилно го љубеше.
Тие беа двајца кои самите меѓусебе не се бараа,но сепак се пронајдоа..и тогаш кога се пронајдоа повторно се бараа.Можеби таква и беше таа љубов…таа го чекаше недочеканото,се надеваше на безнадежното.Иако излгедаше барем малку надежно.Бакнежите беа страсни,прегратките беа топли,а очите им светеа како најсветлото сонце.И сега кога дојде тој момент и тоа здраво…тие беа толку блиску,но сепак толку наделку.
Таа посакуваше само едно,да има некоја волшебна моќ што ќе може да прошета низ неговите мисли…низ срцето…сакаше да знае само едно..дали сеуште има некој траг од неа во него. Дали сеуште го помни она палаво девојче кое што знаеше да го изнервира и да го насмее.Таа мислеше дека тој секогаш ќе биде покрај неа,секогаш кога ќе ги отвореше очите.

Некогаш ќе се сретнеме

Еден ден повторно ќе се сретнеме, ќе седнеме и тивко ќе речеме здраво. Пак ќе ги размениме погледите и ќе се навратиме на она што некогаш било, ќе се насмееме бидејќи тие спомени можат да донесат само насмевки,и по некоја солзичка. А кога би сакале нешто да излажиме неможеме бидејќи нашите души добро се познаваат,и неможат да е сокријат лагата.Ние бевме само двајца учители,ништо повеќе.Научиме некои работи за кои се потребни двајца за да се научат. И двајцата ќе знаевме како е да се чекори со љубов од едната страна.А можеби и тогаш ќе ни биде тешко да признаеме дека не можеме еден без друг.Но,нема да се вратиме назад бидејќи научивме дека враќањето назад е само губење време,а со него неможеме да го вратиме она што сме го изгубиле. Кога ќе се сретнеме и ќе се поздравиме со блесок во очите,и ќе се однесуваме како ништо да не се случило,бидејќи тој беше нејзиниот најголем учител.А добро научените лекции вечно се памтат.
И кога една љубов умира, нејзината приказна останува, за секогаш да се сеќаваме. Да можеме кога ќе слушнеме песна која не потсетува на некои убави времиња.
Ама овој пат среќна е таа сега,знаеш пријателе.Смирена.Можеби те сакаше уште..али женско ко женско…се тргна.Понекогаш ќе се сети.Ќе се сети на тебе, и на се што поминала со тебе,ќе пушти по некоја солза и продолжува понатаму.Знаеш,и понатаму остана она иста.И понатаму се смее најгласно за да ја сокрие тагата.

 

Слика