И двајцата го бараа изгубеното

Беше далеку од неа.Но сепак сеуште живееше во неа.Во нејзиното малечко срценце.
Таа во себе носеше залудна љубов за двајца.Како лузна.Како икона.Како насмеана месечина.Која тивко разгоруваше во тишината на ноќта.Ноќта во која беа скриени многу спомени.Тоа беше една љубов која сеуште тежи како грутка камен во нејзиното срце.Беше тешко да се растопат и разлеат,а ни најмалку да се заборават толку спомени.Но знаеш…се се’ слеа во тишината на ноќта.Во празното срце,на полна месечина,со еден поглед не толку благ,очекуваше да и посака само добра ноќ.Што можеше таа повеќе да очекува? Ништо. И погледите не беа тоа што беа некогаш. Насмевките? Тие беа нешто што остана во длабочините на нивините срца.Секоја наредна не беше како она предходната,од ден на ден се повеќе и повеќе згаснуваше.Исто како што израснуваше нивната љубов на почетокот така сега згаснуваше.Онака ненадејно,исто како што и почна.Неможеше ништо повеќе да очекува се беше згаснато,и заборавено. Велеа секој крај е почеток на нова приказна.Чудно овој крај некако…несакаше да има нова приказна..нешто се оддолговлекуваше.И двајцата ставаа запирки на местото каде што одамна требаше да имаат ставено точки. А можеби и не беше згаснато..можеби нешто сеуште живееше кај нив. Љубов можеби? Или пак омраза? Останува прашање на време,за да најдеме соодветен одговор на овие прашања. Времето не ги лечи раните,само не учи како да живееме после нив. А дали воопшто таа ќе може да продолжи да живее,а да не се надева на ништо? Сакаше да го врати изгубеното,да го излечи повреденото? Но без него? Како? Уште едно прашање оставаме времето да ни го одговори.

 

Слика

Leave a comment